Во српските медиуми вчера се појави вест дека познатиот српски музичар Момчило Бајагиќ Бајага наводно завршил на лекување од алкохолизам во приватна руска клиника за лекување зависности во Земун, а тој сега јавно проговори за тоа.
Во српските медиуми вчера се појави вест дека познатиот српски музичар Момчило Бајагиќ Бајага наводно завршил на лекување од алкохолизам во приватна руска клиника за лекување зависности во Земун, а тој сега јавно проговори за тоа, пишува „Блиц“.
-Супер сум, не знам што можевте да добиете, се чувствувам одлично, никогаш подобро! – рече Момчило и додаде:
-Не е точно тоа за лекувањето. Немам проблеми, се чувствувам добро, благодарам за грижата – искрен бил Бајага, пренесува Република.рс.
Бајага по 33 години брак се разведе од сопругата Емилија.
-Иако не сум приврзаник на јавното мислење и тоа дека во жолтиот печат треба да протекуваат работи од приватниот живот… Веројатно веќе знаете… Па да се изјаснам. Официјално разведен! – откри тогаш на Фејсбук.