Апелација потврди: Се укинува пресудата за „Титаник 2“ заради бројни суштествени повреди на постапката

Aпелациoниот суд – Скопје попладнево потврди дека ја укина првостепената пресуда случајот „Титаник 2“ и предметот го врати пред Основниот кривичен суд – Скопје на повторно постапување и одлучување.

Одлуката, како што се вели во соопштението, е донесена на јавна седница уште на 4 минатиот месец, поради суштествени повреди на постапката поради кои првостепената пресуда се смета за незаконита и неправилна.

„Апелациониот суд Скопје при разгледување на побиваната пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна. Во таа насока жалбениот совет констатираше дека утврдените факти што го чинат законското обележје на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите во целост противречат на содржината на изведените докази, а воедно првостепениот суд неосновано се впуштил и утврдувал факти за постоење на кривична одговорност за лица кои немаат својство на обвинети во конкретната постапка.“

Исто така, определените мерки на претпазливот изречени према обвинетите, судот одлучи да останат во сила.

Укината пресудата за Мијалков, Тачи и членовите на ДИК