Српската полиција утрово го уапсила Љ.Ш. (17) поради сомневање дека синоќа во Белград го убил М.А (31) и тешко го ранил Б.Д. (27) во Жарково на Чукарица, пренесоа српските медиуми.
Малолетниот осомничен по интензивна потера бил уапсен од инспекторите на одделението за убиства.
-Малолетникот пред извесно време се судрил со М.А. и Б.Д. а потоа го претепале. Првите индиции од истрагата укажуваат дека оттогаш се подготвувал да им се одмазди и само чекал можност да ги нападне, пишуваат српските медиуми.