Преку брифинг со новинарите заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими го одбележавме четвртиот роденден на #МојДДВ, рече на брифинг со новинарите директоркста на УЈП, Сања Лукаревска.
За 4 години преку МојДДВ, кај граѓаните вративме6,6 милијарди денари или 107,5 милиони евра како поврат на дел од ДДВ изразено во скенираните фискални сметки.
Семејството на МојДДВ брои 538.919 корисници и бројот постојано расте. Мерката дава резултат ,а поддршката која ни ја даваат граѓаните е исклучително значајна и помага партнерски да ја сузбиеме нелојалната конкуренција и да го јакнеме даночниот морал.