Џенифер Лопез и Бен Афлек на годишнината од бракот ќе ги обноват заветите

Џенифер Лопез (53) и Бен Афлек (50), наводно ќе ги обноват заветите ова лето, по првата годишнина од бракот, пишува „Дејли мејл“.

По тој повод, заљубениот пар планира раскошна забава во текот на јули или август, која ќе биде организирана во нивната нова вила во Беверли Хилс, за која потрошиле 60 милиони долари. Оваа информација, доаѓа откако честопати во јавноста беа објавувани гласини за нивните кавги и влошени односи. Но, за британскиот медиум, овие гласини ги демантираше близок извор до парот.

„Џен и Бен се позаљубени од кога било и оваа последна година од бракот беше, со еден збор, спектакуларна. Сите деца им се одлични, семејствата хармонични. И за да го прослават сето тоа, како што се наближува нивната прва годишнина од брак, и двајцата сакаат да ги обноват заветите и да покажат колку се вљубени еден во друг. Оваа втора шанса не ја земаат здраво за готово“, тврди изворот.

Инаку, тие се венчаа минатата година во Лас Вегас, а подоцна одржаа интимна свадба во куќата на Бен, во Џорџија. Заедно се грижат за пет деца, бидејќи пејачката од бракот со Марк Ентони (54) ги има близнаците Ема и Макс (15), додека Бен од бракот со Џенифер Гарнер (51) ги има ќерките Вајолет (17), Серафин (14) и синот Семјуел (11).