Во неделата во трамвај што сообраќал низ градот Бон, во Германија, околу 01:00 часот по локално време, настанала паника бидејќи возилото не застанало на неколку станици. Бидејќи возачот не одговарал на никаков обид за комуникација, двајца од патниците влегле во кабината и виделе дека возачот е без свест.
Пред да влезат во кабината на возачот, преплашените патници ја повикале полицијата затоа што рачката за сопирање во итни случаи не работела. Една патничка се јавила во транспортната компанија за да добие насоки за запирање на трамвајот, по што патниците успеале да го запрат.
Од локалното транспортно претпријатие SWB соопштуваат дека рачката за итни случаи не е за да го запре возилото, туку да го предупреди возачот за проблематична состојба. Во трамвајот имало систем кој испраќа предупредување ако возачот загуби свест, но се чини дека тој не функционирал во моментот.
Возачот се опоравува во болница.