Од вчера нов директор на јавното претпријатие Улици и Патишта е поранешениот директор на Психијатрсика болница, Ќамил Ковачи.
Како што објавија вчера од Град Скопје досегашниот директор Саит Саит е разрешен, од Директор на ЈП Улици и Патишта, а функцијата ја презема Ќамил Ковачи кој доаѓа од местото секретар на општина Сарај.
Ковачи всушност е дел од огнено крило на ДУИ од Општина Сарај, и тој до пред неколку месеци беше директор на Психијатриската болница во Бардовци, а беше разрешен од функцијата кога во Владата влезе партијата Алијанса за Албанците.
Еве каков имот пријавил Ковачи додека беше директор на Психијатриска болница.
Стан од 85 квадрати и фоксваген поло. Но пријавил и имот на родители, кои имаат фоксваген голф, трактор и куќа од 180 квадрати.