Идрис Елба нема да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Идрис Елба одби да го глуми тајниот агент Џејмс Бонд, затоа што му пречеле муабетите околу расата. Елба во подкастот SmartLess рече дека добивал многу понуди и комплименти, но имало и такви кои целата идеја и разговор го свртеле околу расата.

„Стана бесмислено и почувствував огромен товар“, рече Идрис и објасни дека му пречело тоа што сите го гледаат како црн актер и дека таквите етикети му ја ограничувале кариерата и на него, но и на голем број неови колеги. Ако ја прифатеше улогата, Идрис ќе беше првиот црнец кој го играл тајниот агент.

„Искрено, бев многу поласкан од тоа. Си мислев ‘Ова е неверојатно’ бидејќи тоа е улогата на Џејмс Бонд, сите знаеме што значи тоа. Тоа е улога што ја посакуваат сите актери“, изјави Елба за време на подкастот SmartLess. „Кога ќе ве прашаат дали сакате да бидете Џејмс Бонд, знаете дека го достигнавте врвот на вашата кариера.“

„Оние кои не беа задоволни од идејата, ја направија целата работа одвратна бидејќи се работеше за трка. Стана бесмислено и јас го добив најголемиот дел од тоа“, изјави актерот.