Немири во Брисел, горат автомобили, метро станицата Анисен е затворена

Вчера вечер во Брисел избија немири. Полицијата извршила рација. При рацијата полицијата трагала по сомнителни млади лица, а неколкумина биле приведени.

Запалени автомобили и хаос на улиците на Брисел по вчерашните немири што избија по полициската рација во која биле приведени 10 млади лица.

Портпаролката на полицијата Илсе Ван Де Кеир, изјави дека во текот на денот на социјалните мрежи кружеле повици да се излезе на улица „како во Франција“.

Противпожарната бригада во Брисел ја опиша ситуацијата како „екстремно напната“, а белгиските власти најавија дека на улиците ќе бидат испратени дополнителни 40.000 полицајци.

risel