Мадона се врати дома и се чувствува подобро по сериозната бактериска инфекција која ја задржа на интензивна нега, јавува Би-Би-Си.
Веста за нејзиното лошо здравје ја сподели нејзиниот менаџер, кој рече дека таа претрпела „сериозна бактериска инфекција“.
Мадона минатиот викенд беше пронајдена без свест во нејзиниот дом во Њујорк и итно беше пренесена во болница.
Мадона на подготовките работеше по 12 часа дневно. TMZ претходно објави дека здравјето на Мадона веќе некое време е загрозено и дека речиси еден месец се бори со треска. Пејачката ги игнорираше сите знаци на болест и не отиде на лекар за целосно да се фокусира на турнејата која требаше да започне на 15 јули.