Англиската тиктокерка Орла Слоун, осудена е поради вознемирување на тројца фудбалери од Челси.
Русокосата која има многу следбеници на социјалните мрежи избегнала одење во затвор. Орла Слоун осудена е на 12 месеци затвор условно, плус 18 месеци поради уценување на двајца фудбалери во Премиер лигата и вознемирување на третиот.
Орла признала дека повеќе од четири месеци го следела играчот на Челси Мејсон Маунт и еден месец фудбалерот од истиот тим и репрезентативец на Шкотска Били Гилмор. Осуда за вознемирување добила и поради малтретирање на Бен Чилвел, уште еден фудбалер од клубот од Лондон.
Оваа девојка исто така добила и налог за рехабилитација од 30 дена и 200 часа хуманитарна работа. Наредено ѝ било да им плати на Маунт и Чилвел по 300 фунти, додека пак исто така наредено ѝ било да му плати на Гилмор 500 фунти.
Русокосата признала дека неколку месеци била во љубовна врска со Маунт и дека имала сексуални односи со него. Кога фудбалерот одлучил да ја прекине врската со неа и престанал да ѝ праќа пораки, таа одлучила да го вознемирува.