Хрватската публика не сака српски пејачи да ги забавуваат ова лето на традиционалниот фестивал „Островот на љубовта“ кој се одржува на островот Барбаринац во заливот Каштела.
Менаџерот на Аце Лукас, Саша Мирковиќ проговори за новонастанатата ситуација:
„Движењето за татковината очигледно нема поим кога е музиката во прашање или што припаѓа на нашето поднебје. Јас настапувам, подобро се вклопувам во европските стандарди што ги споменуваат, па нека не зборуваат за нешто за што немаат поим. Ако им е проблем што доаѓам од Србија, нека си замислат дека доаѓам од Марс и се ќе биде во ред. Хрватската публика ме обожава, а овие лажни експерти и моралисти секогаш биле и ќе бидат. Нека дојдат на мојот концерт да видат вистинска светска ѕвезда“, изјавила пејачката.