Македонски дизајнер осмисли концепт за електрично „Југо“

Откако неговиот дизајн на електричен „југо“ од 2021 беше одлично прифатен во јавноста, македонскиот дизајнер Дејан Христов сега креираше цела серија модели на легендарниот југословенски автомобил, која опфаќа различни сегменти.

Освен класичниот компакт, Христов во согласност со трендовите предвидел и „Sportover“, кој би можел да конкурира на модели како што „VW D. 3“ или „Cupra Born“. Погодувате, „Sportover“ би можел да биде духовен наследник на не баш успешната „Флорида“.

„N-Duro“ е концепт на мал теренец, авантуристичко возило кое потсетува на „Лада Нива“. Роудстерот, исто како кај „Tesla“ има јасна улога на предводник. Тоа е калибар на помали роудстери како „Mazda MX-5“, но повторно во комбинација со електричен погон.

Секако најмногу внимание ќе провлече „Југо кабрио“ има каросерија со две врати, четири седишта и платнен покрив на повлекување.