Утринското туширање со ледена вода е одлично за здравјето

Bearded man taking a cold shower

Едно холандско истражување покажало дека луѓето кои наутро се тушираат со студена вода помалку осуствуваат од работа во споредба со луѓето кои се тушираат со топла вода.

Имено, студената вода е добра за нашето здравје и убавина, а не само за утринско расонување.

Иако повеќето луѓе се навикнати на топол туш или, пак, топла бања пред спиење, ладниот туш може да биде подеднакво ефикасно. Ладната вода го намалува нивото на хормоните на стресот, помага да се опуштите и побрзо да заспиете.

Некои истражувачи мислат дека студената вода може да го „зајакне“ имунолошкиот систем.

Студијата од Чешка покажа дека имунолошкиот систем е зајакнат кај младите мажи кои се занимаваат со спорт и се тушираат во ладна вода три пати неделно, во период од шест недели.

Студената вода го активира симпатичкиот нервен систем, делот од системот кој го контролира и влијае на нашиот одговор „бори се или бегај“. Тоа е автоматска физиолошка реакција на настан кој се доживува како опасен, стресен или застрашувачки.

Кога симпатичкиот дел од нервниот систем се активира со ладна вода, тоа го зголемува нивото на хормонот норадреналин. Овој хормон предизвикува зголемување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок кај луѓето кои се тушираат во ладна вода, што пак е поврзано со подобрување на здравјето.

Ладната вода исто така ја подобрува циркулацијата, а некои студии сугерираат дека може да биде корисна и ако сакате да изгубите тежина. Понатаму, студената вода може да има бројни придобивки за менталното здравје. Кога ќе дојде во контакт со лицето или вратот, може да ги подобри функциите на мозокот.