Најмалиот Citroen распродаде за само 10 часа!

Citroen започна онлајн продажба во осум европски земји овој вторник во 11 часот, а десет часа подоцна сите примероци на My Ami Buggy беа распродадени.

800 примероци од Citroën My Ami Buggy предвидени за продажба преку интернет се продадоа за само 10 часа – најбрзиот купувач го купи својот мини електричен теренец за само 70 секунди!

Изненадени беа и во Citroen, со оглед на тоа дека нема да се повтори „хајпот“ од дебито. Меѓутоа, сега интересот е уште поголем. Продадени се 50 примероци за 17,5 минути, додека во Белгија продале 65 примероци за само девет минути. Годинава во Франција се продадени 430 примероци, а ги „снемало“ за помалку од два часа.

Севкупно, Citroen понуди само околу 800 примероци, што со оглед на интересот не е ни приближно доволно за да го задоволи пазарот. Во моментов се произведува дополнителна серија од 200 единици, а во текот на летото ќе се нуди во Турција и во неколку други земји.

My Ami Buggy е уште еден доказ дека моќта и перформансите не се нужно поврзани со успехот на пазарот. И кај овој модел не е проблем цената и се движи од 7.790 до значителни 10.450 евра.