Bившата на Кевин Костнер сега му бара и 250.000 долари месечно

На почетокот на мај сопругата на познатиот холивудски актер и миленик на жените, модната дизајнерка Кристин Баумгартнер, поднесе барање за развод по 18 години брак, во кој имаа три деца. Сега се дозна колку бара алиментација.

Според странските медиуми, разводот наводно дошол поради непомирливи разлики, а Кристин Баумгартнер побарала заедничко старателство над нивните деца, 15-годишниот Кејден, 14-годишниот Хејс и 12-годишната Грејс.

Информациите од тужбата, која беше поднесена на 16 јуни, покажуваат дека Кристин Баумгартнер бара од оскаровецот да плаќа 248.000 долари месечно. Исто така, бара Костнер да продолжи да ги покрива трошоците за здравствено осигурување, школарина во приватно училиште и воннаставни активности.

„Барањето за алиментација можеби изгледа високо, но нејзиното барање е во согласност со калифорниското право и судската пракса“, рече адвокатот на поранешната дизајнерка.

Таа во тужбата до Костнер, навела дека сумата од 248.000 долари месечно е за децата да имаат барем приближно стандард кој го има нивниот татко.