Жителите на Москва се прашуваат што се случи со зимата, бидејќи во овој период од годината невообичаено е температурата да биде над 0 степени целзиусови.
Воообичаено е во овој период улиците да се покриени со снежна покривка, а мразулците да висат од крововите на зградите, меѓутоа во средата вечер биле измерени 6 степени Целзиусови, наведува Елена Восољук од Метеоролошкиот завод.
Високата температура не ги изненади само луѓето, туку и растенијата. Топлото време ги измами билките кои рано расцутија, како да е пролет.
Невообичаено топлиот бран стигнал од атмосферскиот фронт од Атлантикот, а според метеоролозите во Москва за Нова година се очекува дожд, а не снег.