Грдо и изгледа евтино! Модни утки на познатата ревија

Фарел Вилијамс во февруари откри дека е именуван за нов креативен директор на машката линија на облека на брендот „Louis Vuitton“.

Вчеравечер во Париз се одржа и долгоочекуваната ревија на која беа претставени новите модели со негов потпис. Било сосема логично тоа што 50-годишниот музичар сакал неговата дебитантска колекција за францускиот бренд да се врти околу љубовта и заедницата – и да ги прослави овие теми со најславните личности.

Секако дека сите ѕвезди одлучиле не само да го испочитуваат својот колега и пријател туку и самиот бренд – и тоа носејќи го од глава до пети. Некој успеал во својата намера да привлече внимание со стајлингот, но не секој добил пофалби за истиот.

Прва „на удар“ била дефинитивно Ким Кардашијан за која велат дека изгледа како да „излегла од играта ‘Minecraft’“ и како да носела „евтин Спандекс“.

Бијонсе се појавила во впечатлива жолта боја, во комбинација која делувала како свилена пижама.