Дете загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово- Романовце, во близина на бензинската пумпа „Лукоил“, вчера околу 14 часот, при судир на две возила.
Сведоци на настанот тврдат дека детето било на околу 10 годишна возраст, додека пак други велат дела е на 4 годишна возраст и заедно со своите родители било во едно од возилата. , а во Кумановската болница го пренеле граѓани кои наишле на местото на несреќата. Останатите учесници во сообраќајката поминале со полесни повреди.
Причините за несреќата се сеуште непознати
Од Кумановската полиција потврдија дека се случила сообраќајна несреќа на патот Куманово – Романовце, судирот се случил додека двете возилата биле во движење и од ударот излетале од патот.