Ќерката на легендарниот холивудски актер Брус Вилис, Румер Вилис на социјалните мрежи покажа како го поминала Денот на татковците во негово друштво, а ја објавила и првата фотографија на која позира со неодамна родената внука.
34-годишната Румер споделила неколку слатки фотографии на Инстаграм од 68-годишниот Брус како ја држи внуката Луета, која сите ги трогнала.
„Да го видам татко ми како ја држи ќерка ми денес е нешто што ќе го ценам до крајот на мојот живот. Неговата сладост и љубов кон неа беа толку чисти и убави. Тато, јас сум многу среќна што те имам тебе, а исто така и Лу. Ти благодарам што си најзабавниот, најљубезниот, најкул татко што една девојка некогаш може да го побара. Најдобриот татко“, напишала таа во трогателната објава.
Кога пред неколку месеци на Брус Вилис му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД), веста уништи милиони негови обожаватели. Семејството се огласи на мрежите и им се заблагодари на сите за поддршката и речиси потврди дека неговата состојба е подобрена. За жал, сè уште нема лек за оваа болест, а Брус сега е уште полошо.
Како што пренесуваат странските медиуми, Вилис најголем дел од времето го поминува со сегашната сопруга Ема Хеминг, но и со поранешната сопруга Деми Мур и децата.
Извор близок до семејството истакнува дека актерот најлесно го препознава гласот на поранешната сопруга Деми, а таа секојдневно се труди да разговара со него, за да спречи понатамошен развој на болеста.
– Деми е во постојан контакт со Брус и Ема. Таа ја користи секоја слободна можност да помине време со него. Ако не е со него, му се јавува за Брус да ѝ го слушне гласот. Тој не може многу да зборува, а изгледа малку разбира од тоа што му се зборува, потврди изворот, истакнувајќи дека семејството многу тешко ја поднесува неговата состојба.