Пред две недели скопската Зоолошка градина го изгубила статусот кандидат за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА), затоа што во текот на изминативе две години не ги исполнила обврските зададени од ЕАЗА.
Од Скопската Зоолошка градина и в.д директорот Зоран Поповски се уште нема никакво соопштение и обраќање до јавноста по тој повод.
Според неофицијалните информации, на почетокот на јуни Зоолошката градина со официјална е-пошта е информирана дека повеќе не е кандидат за член на ЕАЗА, поради прекинот на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, стагнацијата на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори.
В. д. директорот Зоран Попов за порталот СДК потврдил дека Зоолошката не е повеќе кандидат, но не прецизирал кои биле причините за тоа да се случи.