Марк Ентони и сопругата станаа родители по 7ми пат

Американскиот пејач Марк Ентони и неговата сопруга, манекенката Надија Фереира, станаа родители.

Добрата вест Марк Ентони ја сподели со фановите на социјалните мрежи: 54-годишниот пејач објави црно-бела фотографија на која се гледа како држи новороденче и раката на неговата сопруга. Музичарот не го откри името и полот на бебето, само рече дека бебето е родено на 18 јуни, денот кога во многу земји се славеше Денот на татковците.

„Тајмингот на Господ е секогаш совршен“, напишаа во заедничката објава на Инстаграм.

Тие добија честитки од фановите, но и од многу ѕвезди, вклучувајќи ги Малума И Луис Фонси.

Ова е седмо дете на Ентони, кој ги има 14-годишните близнаци Макс и Еме со Џенифер Лопез, синовите Рајан Адриан (19) и Кристијан Маркус (22) со поранешната Мис Дејанара Торес и синот Чејс (27) и ќерката Аријана (28) со поранешната Деби Росадо.