За да можете да се изборите со стресот и неговите последици, пред се мора да можете да ги препознаете знаците на стрес во себе. Според големото истражување на Галуп од 2021 година, дури 42 отсто од испитаниците често доживуваат голема грижа или стрес.
Стресот се смета за нормална човечка реакција кон штетни и потенцијално опасни ситуации – без разлика дали се тие реални и навистина опасни или нашата перцепција за нив е едноставно таква. Изложувањето на ваква ситуација предизвикува бројни хемиски реакции во телото кои го подготвуваат истото да се бори или да ја избегне опасноста. Ваквата реакција е позната како „fight or flight“ или „бори се или побегни“. Тоа е автоматска човечка реацкија и била клучна за нашите предци и за нивниот опстанок. Стресот го зголемува пулсот, го забрзува дишењето, ги затега мускулите и го зголемува крвниот притисок. Телото на овој начин е подготвено да делува, односно да се одбрани.
Понекогаш стресот во умерени дози може да делува и позитивно. Тој може да ни помогне да завршиме некоја важна задача со зголемена концентрација, фокусираност и прецизност. Но, долгорочниот – хроничен стрес има сосем поинакви ефекти врз телото.
Хроничниот стрес може сериозно да го наруши здравјето и да го зголеми ризикот за бројни заболувања. Симптомите и ефектите од хроничниот стрес може да се поделат во повеќе категории:
- Емоционални – надразливост, фрустрираност, потешкотии при враќање во релаксирана состојба, избегнување на контакт со други луѓе
- Физички – ниско ниво на енергија, главоболки, несоница, болки во мускулите, чести настинки, сува уста, испотени дланки и сл.
- Когнитивни – константна загриженост, постојано мислење и фокусирање на проблемот, проблеми со меморијата, намалена концентрација, песимизам и сл.
- Промени во апетитот, спиењето, навиките, мотивираноста и др.
Ова се само дел од знаците дека вашето тело сигнализира дека е под стрес.
Дигестивни проблеми
Не спиеш добро
Болка во градите
Нелагодност
За да го избегнете ова, обидете се да останете добро хидрирани. Бидејќи дехидрацијата само ја зголемува главоболката.