Собранието денес ќе ја одржи најголемата седница за овој мандат

Денес од 11 часот Собранието на Република Македонија ќе ја одржи најголемата седница во овој мандат.

Денешната, 126-та седница, засега има 123 точки. До нејзиниот почеток може и да биде дополнета со нови закони.

На оваа седница покрај големиот број на закони, ќе се избираат и директори на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за квалитет во високото образование и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Од законите ги издвојуваме, Законот за легализација на дивоградбите, Изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, како и законите со кои се намалуваат казните од областа на животната средина.

Дневниот ред од оваа седница тука.