„Renault“ денеска одржа официјална промоција на моделот „Rafale“, „coupe-SUV“, кој според најавите на француската фабрика претставува сам врв во нивната понуда. „Rafale“ исто така заокружува понудата на модели на „Renault“ со хибриден погон и базирани на платформата „CMF-CD“.
Автомобилот е направен на CMF-CD платформата која е основа и на Austral и на Espace со седум седишта, но е значително поголем од Austral што веќе се продава. Топ моделот на Renault ќе биде предводник на новиот стилски јазик на марката, најавен со концептот Scénic Vision, а потоа претставен со фејслифтираниот Clio.
Она што остава најголем впечаток во надворешноста на Renault Rafale се новите главни оптички модули, кои се многу потенки и речиси хоризонтални. Тие се нагласени со дневните светла од бумеранг кои работат по страничните рабови на браникот. Проширената „мрежа“ на решетката на ладилникот, пак, ја нагласува ширината на автомобилот. Купето остава впечаток и со интересни набори на боја на каросеријата. Силно наклонетите задни столбови се наменети да му дадат мускулест изглед на автомобилот.