Погледнете ја вилата на Џенифер Лопез и Бен Афлек

Латино дивата Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек ги изненадија сите кога по долги години пауза ја обновија љубовната врска, а веќе неколку месеци уживаат во бракот. Фотографиите од бајковитата свадба го обиколија светот, а младенците извесно време го бараа својот совршен дом во кој ќе го започнат новиот живот. И го најдоа, а глобално популарната пејачка сега ги отвори вратите од луксузната вила по повод новиот деловен проект кој го подготвува.

Џенифер со првите кадри ги пречека гледачите потпрени на влезната врата, зад која може да се види огромна сала со скапо пијано, како и голема маса украсена со многу детали, меѓу кои и фотографии од нивната свадба. Дискретното осветлување фрла нежни сенки на лицето на актерката и пејачка, која веќе е во шестата деценија, во простор во кој доминираат црно-бели детали. Овој мотив се повторува на подовите, кои се обложени со мермер.