Мицкоски: Предвидуваме повеќе од 2 милијарди евра во здравството и во образованието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вети инвестиции во образованието, за најмалите од претшколска возраст, за студентите обнова на студентските домови, најмалу еден универзитет на Шангајската листа.

Во образованието, Мицкоски вети инвестиции во вредност не помала од милијарда евра.

-Не криминални тендери во здравството, не криминални тендери за нови замислени клинички центри. Нови болници и реновирани амбуланти, клинички центри според потребите на граѓаните, повеќе од 2 милијарди евра во еден мандат инвестиција во здравството и во медицинскиот кадар. Да не ги полниме клиниките во Европа и во светот со нашите доктори, тука да останат во Македонија и да ги лекуваат македонските граѓани, рече Мицкоски.