Оваа регија е најслабата точка кај жените и тука многу лесно се таложат маснотии кои е тешко да се „стопат“. Во првите месец дена, најголемиот дел од тежината која ќе ја загубите е всушност вода, но ако се прашувате како да се ослободите од салото, прочитајте во продолжение.
Спринт наместо лесно трчање
Трчањето е одличен начин како да согорите калории и да бидете во подобра форма. Но, ако се обидувате да се ослободите од салото на стомакот, важно е правилно да трчате. Ако досега бавно сте трчале на лента или во природа по 30-60 минути, подобар избор е спринтот. Наизменично трчајте брзо и одете лесно – таквите тренинзи доведуваат до побрзо согорување на масти во однос на класичното трчање.
Доброто држење е половина работа
Кога вашиот грб не е во исправена положба, сосема е нормално вашиот стомак да дојде до израз. Освен тоа, оваа поза воопшто не е здрава за нашите внатрешни органи. За да спречите такво негативно влијание, обидете се да седите исправено што е можно почесто.
Можете да го користите „правилото на балерина“ – замислете дека имате чаша вода на главата додека седите или одите. За да ја „држите“ чашата треба да бидете фокусирани и стегнати со целото тело, а таквата поза ќе ви помогне да ги зајакнете мускулите кои придонесуваат за подобро држење на телото.
Намалете го внесот на млеко и шеќери
Лекарите одамна се согласија дека млечните производи предизвикуваат надуеност. Обидете се целосно да се откажете од млечни производи барем една недела за да го видите ефектот. Можно е вашиот стомак да изгледа така поради надуеност од одредена храна. Исто така, би било добро да внимавате на калориите бидејќи би се изненадиле колку некои слатки и грицки ги содржат – речиси како цел оброк за ручек.
Внимавајте на вечерата
Три часа пред спиење не јадете голема количина на јаглехидрати (тестенини, леб, бел ориз). За вечера најдобро е да готвите јадења со зеленчук и протеини бидејќи не се тешки за стомакот, а притоа придонесуваат за подобра фигура.
Сведете го стресот на минимум
Постои едноставна формула за која многумина не знаат: стрес = кортизол = маснотии. Кога сте вознемирени, телото мисли дека е во опасност и се обидува да се заштити. Затоа, во своето секојдневие внесете некои ритуали кои ве опуштаат, вежбајте јога или практикувајте некое хоби за целосно да се ослободите од негативните мисли.