![High tensions after newly elected mayors took office in northern Kosovo](https://akcent.mk/wp-content/uploads/2023/05/kosovo-zvechan-kfor-696x464.jpg)
Косовскиот премиер Албин Курти добил писмо во кое од него се бара да ги деескалира тензиите на северот на Косово. Писмото е од францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Писмото е слично на одговорот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, до Курти објавено во средата, но без детални барања, пренесуваат косовски медиуми.
Владата во Приштина се уште не испратила известување за добиеното писмо или за неговата содржина.
Според „Газета“, писмото на Борел содржело конкретни барања до Курти – да повлече двајца градоначалници на северот од општинските канцеларии, да ја повлече полицијата од општините и да распише предвремени избори.