Секоја клетка во нашето тело има мембрана која е изградена од масти, па од тука може да заклучиме колку се тие неопходни за секојдневната регенерација и одржување на животот.
Мастите се исто така многу важни за хормонскиот баланс во телото затоа што многу хормони за да можат да се создаваат се потребни масти, такви се репродуктивните хормони. Многу често нарушувањата на менструалниот циклус кај некои жени можат да потекнуваат токму од недостаток на масти во исхраната.
Што ќе се случи ако подолг временски период не внесувате доволно масти во телото?
1. Постојано ќе бидете гладни, изморени и опседнати со храна
Мастите играат многу важна улога во ситоста и калорискиот внес. Тие го забавуваат празнењето на желудникот така што дигестијата на оброкот се забавува. Исто така имајќи предвид дека 1 g масти содржи 9 калории што е дупло повеќе од протеините и јаглехидратите (4 калории) јасно е дека тие придонесуваат за калорискиот внес во текот на денот. Кога не би внеусвале масти, најверојатно би ви фалеле калории во текот на денот и затоа цело време ќе се чувствувате гладни и уморни.
2. Болка во зглобовите
Ако имате болка во зглобовите, тоа може да биде и како резултат на недостаток на здрави масти во исхраната. Воспалението во телото е една од главните причини за болни зглобови, а моно, полинезаситените и омега-3 масните киселини имаат антиинфламаторни ефекти и можат да го намалат воспалението, а со тоа да придонесат и за подобрување на здравјето на зглобовите.
3. Витамински недостаток
За да можат да се апсорбираат и искористат пипосолубилните витамини од храната (А, Д, Е и К) потребни се масти, така што ако не внесувате доволно може да дојде до недостаток од овие витамини. Овој недостаток може да се рефлектира на повеќе начини затоа што липосолубилните витамини имаат многу функции во телото.
4. Сува кожа и опаѓање на косата
Мастите имаат важна улога во изгледот и еластичноста на кожата. Сувата, нееластичнави безживотна кожа може да значи дека ви фалат масти. Исто така недостатокот од масти може да предизвика дехидратација на скалпот, а со тоа и опаѓање на косата.
5. Нередовен менструален циклус
Мастите се градивни блокови на естрогенот и прогестеронот така што тие имаат многу големо влијание врз репродуктивното здравје. Ако не јадете доволно квалитетни масти, тоа може да предизвика, нередовни, неправилни, ановулаторни и болни менструални циклуси.