Прва професионална претстава на македонски знаковен јазик

На сцената на Центарот за култура во Битола, вечерва премиерно ќе се одигра првата професионална претстава „Улаф сте?“ на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик.

Автор и режисер на претставата е Јован Ристовски,а актери се: Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска и Никола Пројчевски во име на глувите лица без цензура ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива група во општеството.

Костимограф на претставата „Улаф сте?“ на македонски знаковен јазик за возрасни е Марта Дојчиновска, сценограф е Стефан Малбашиќ, а драматурзи се Билјана Крајчевска и Весна Куслеска.

Толкувач на знаковен јазик Катерина Шаркоска, асс. Елизабета Георгиева, а соработник за знаковен јазик Мартин Ангелов.

Претставата е поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Македонија.