Хуманитарен концерт утревечер во Долно Соње

Во црквата „Свети Спас“ во Долно Соње утревечер ќе се одржи хуманитарен концерт за лекување на Александар Мицевски, информираат од Општина Сопиште. Хуманитарниот концерт ќе започне во 19 часот.

– Ги каниме сите, да бидеме што побројни и да покажеме хуманост кога е тоа најпотребно, велат од Општината.