Поплави низ Србија, вонредна состојба во 35 општини!

Силниот дожд кој од синоќа паѓа во различни делови на Србија доведе до излевање на реки и поројни потоци, поради што е прогласена вонредна состојба во 35 градови и општини.

Во градот Адрани кај Краљево водата го однела мостот на Ибарската магистрала поради што тој дел од автопатот кон Чачак е во прекин. Моментално во прекин е сообраќајот на релација Чачак-Краљево, односно Мрчајевци-Краљево, а на терен е јасно видливо дека мостот веќе не постои, дека е пропаднат, и дека на овој патен правец во догледно време нема да има сообраќај.

На социјалните мрежи се појавија снимки од Краљево на кои се гледаат поплавени улици.