Фестивалот на алтернативна фотографија Зрно се отвора со илзожба на 120 дела

Зрно-фестивалот на алтернативна фотографија, кој своето прво издание го имаше минатата година, за една година прави голем исчекор во квалитетот и квантитетот на содржините кои ги нуди.

Околу 120 дела ќе бидат изложени во рамките на второто издание на фестивалот на алтернативна фотографија Зрно. Изложбата во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје се отвора вечерва во 20 часот.

Ова е единствена можност кај нас да се видат неверојатно храбри, експериментални и естетски издржани дела од најразлични фотографски техники, од едноставни цијанотипии до оригинални колодиумски стакла од огромен формат и многу различни експерименти измеѓу. Низ целата селекција провејува еден модерен, ведар и луциден дух на современата светска фотографија, ослободена од вештачки наметнатите стеги на медиумот, од минатиот век.