Партизан по втор пат подобар од Црвена Ѕвезда во финалето од АБА лигата

Кошаркарите на Партизан поведоа со 2:0 во финалната серија од АБА лигата против Црвена Звезда, откако на вториот натпревар во „Штарк Арена“ славеа со 87:78

Избраниците на Жељко Обрадовиќ ги казнија сите удари што гостинот ги промаши, беа поагресивни во одбраната и првата меч-топка за титулата ќе ја имаат в недела, но во салата „Александар Николиќ“ каде домаќин ќе биде Црвена Звезда.

Лука Вилдоза погоди тројка за надеж на „црвено-белите“ за 78:74, но потоа Митровиќ имаше две грешки во нападот, а тоа Партизан знаеше да го казни. Повторно, кобен беше Нанали со удар за три поени.