Актерот Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд беа во центарот на вниманието кога зачекорија во судницата, а целата процедура беше детално пренесувана во јавноста.
Резултатот од тој спор била милионската оштета, која што Херд морала да му ја исплати на Деп. Сепак, и она добила сума на пари и во една прилика открила дека планирала да ги даде во хуманитарни цели.
На крајот, судијата пресуди дека Амбер треба на поранешниот сопруг да му плати отштета од 10 милиони долари, а Деп да и плати 2 милиони долари. Адвокатите на парот постигнале договор според кој осигурителната компанија на Херд ќе му плати на Деп 1 милион долари за да го реши случајот, пишува Дејли Мејл, а актерката го направила токму тоа.
По пресудата, како што е горенаведено, 37-годишната актерка заминала во Шпанија и започнала живот далеку од вниманието на холивудските медиуми, каде што стекнала премногу критичари. Сепак, нејзиното име повторно се нашло на насловните страници, откако Деп објаснил што планирал да направи со парите добиени од поранешната сопруга.
Според списанието „People“, актерот ќе ги донирал договорените милиони евра кои веќе ги добил, на 5 организации, давајќи им на секоја по 200.000 долари: „Make-A-Film Foundation“, „The Painted Turtle“, „Red Feather“, „Tetiaroa Societi“ и „Amazonia Fund Alliance“.