Пушачите често палат цигара бидејќи се убедени дека тоа ги смирува и се плашат за своето ментално здравје доколку престанат да пушат. Научниците сега велат дека нема потреба да се грижат за тоа. Помислата за откажување може да предизвика грижи за тоа каков ќе биде животот без пушење.
Престанувањето со пушење може да го подобри менталното здравје
Нивното откритие дека престанувањето со пушење може да го подобри менталното здравје би требало дополнително да ги охрабри пушачите кои сакаат да се ослободат од оваа навика, но се загрижени за потенцијалните негативни последици.
„Престанувањето со пушење се поврзува со значително подобрување на депресијата меѓу луѓето што имаат и што немаат психички пореметувања“, забележува истражувачката група откако ја спровела студијата на над 4.200 луѓе во 16 земји.
„Престанувањето со пушење исто така се поврзува и со намален ризик од смртност и подобрен квалитет на живот во било кое време, при што нашата анализа носи докази дека на тој начин всушност се подобрува менталното здравје“, наведуваат.