Љубовта на мајките кон своите деца е поголема од било што и нема нешто што една мајка не би го направила за своето дете. Но, некогаш мајките знаат да бидат тешки, сомничави, скептични.. Не се рекло попусто: „Да не ти даде Господ што ти мисли мајка“. Еден билборд кој осамна на улиците во Белград, Србија, е доказ за тоа.
На булеварот Кнез Александар Караѓорѓевиќ на Дедиње закупила голем билборд со текст: „Му се извинувам на синот Марко што не верував дека ќе го заврши факултетот! Честитам сине, небото е граница! Од мама Дијана” – објавуваат српски медиуми. Тие додаваат дека гестот на мајката многу им се допаднал на белграѓани.