Замрзнатите цени на основните производи повеке не важат

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека „замрзнатите“ цени на основните производи веќе нема да важат, но ако се забележи дека има нивно вештачко зголемување, инспекциите, рече, веднаш ќе реагираат.

-Во однос на цените на прехранбените производи, утврдено е дека речиси сите се намалени согласно владините мерки кои се носат една година. Да, мерките веќе нема да важат, но јас наведов и во моментот кога објавивме дека нема да ги продолжиме мерките, ако одредена компанија, и ова јавно го кажувам, одреден сектор вештачки се обиде да ги зголеми цените се знае дека институциите ќе влезат во функција и тоа нема да биде дозволено. Јас сум имал разговори, повеќето од разговорите ги направиле моите служби или мојот тим каде што тие кажале дека во спротивно за одредени производи би можело да има и намалување. Во тоа дека резултат даваат мерките на Владата не се повикувајте на податоците на институциите на Владата, на тие тоа што го кажуваме, еве, повикајте се на Германскиот завод за статистика кој ги објави податоците за тоа како Македонија се справува со делот на цените со прехранбените производи, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста”.

Според него, засега во однос на цените не се предвидуваат никакви мерки.