Најдобар стрелец во историјата на ЦСКА Москва е Македонската репрезентативка Сара Ристовска

Македонската репрезентативка Сара Ристовска дојде до големо достигнување во дресот на руска ЦСКА Москва каде се промовира како најдобар стрелец во историјата.

Крилото во триумфот над Ростов Дон во меч од финалната серија постигна пет гола и така дојде до бројката од 475 гола во дресот на рускиот тим. На врвот, Ристовска ја надминa Антонина Скоробогатченко.

Сара Ристовска игра во редовите на ЦСКА Москва од 2019 година.