Талентираниот српски лев бек Стефан Петриќ нов член на РК Вардар

Талентираниот српски лев бек Стефан Петриќ (22) во следните две сезони ќе биде член на РК Вардар 1961, потврдија од скопскиот клуб.

Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот, донесе засилување кое во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува в година.

Петриќ доаѓа од екипата на Партизан каде досега настапуваше и ова ќе биде негово прво интернационално искуство. Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на Светското првенство за играчи до 19 години што се одржа во Македонија.

Тој е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ кој во својата кариера ја заврши токму во дресот на „црвено-црните“. Наскоро ќе следуваат и нови засилувања и потврда на играчите што ќе настапуваат во иднина во Вардар.