![High tensions after newly elected mayors took office in northern Kosovo](https://akcent.mk/wp-content/uploads/2023/05/kosovo-zvechan-kfor-696x464.jpg)
Министерството за внатрешни работи на Косово ја деманитраше веста дека е договорено повлекување на специјалните полициски сили од општинската зграда во Звечан во 15 часот , што утрово ја пренесоа некои медиуми. Вестите за постигнување договор помегу КФОР и демонстрантите не се точни. Нема договор за повлекување на специјалците се вели во соопштението на косовското МВР. Пред зградата на општината Звечан има насобрани локални срби а околу објектот се припадниците на КФОР. Ситуацијата е мирна , по вчерашните судири во кои беа повредени 30 припаднции на КФОР и над 50 демонстранти додека Вучик и Курти мегусбебно си рамзнеија обивнујвања кој ги иницирал инцидентите. Косовските Срби имаат две барања – повлекување на градоналаниците Албанци и на косовските специјалци од оштините Звечан , Зубин Поток , Лепосавиќ и Северна Митровица , барања кои утрово претседателот Вучиќ ги изложи и на средбата со амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија. Градоначалникот на Звечан денеска воопшто не дошол на работа, а градоначлникот на Лепосавик ноќта ја минал во општината и oд безбедносни причини не излегува од објектот. Нова порака до властите во Белград и Приштина стигна од ЕУ.
„Очекувам косовските власти да ја прекинат полициската операција фокусирана на општинските згради на северот на Косово и насилните демонстранти да се повлечат. Не можеме да си дозволиме уште еден конфликт. Се надевам дека мојот глас ќе биде послушан.