Понуда од милијарда евра за Лионел Меси од клуб од Саудиска Арабија

Како и пред две години, Лионел Меси е на сериозна крстосница. Од една страна, постои сериозна идеја за враќање во Барселона. Но, и Ал Хилал има свои адути. Јасно е дека заврши епизодата на Меси во најбогатиот фудбалски проект досега – ПСЖ. Но, останува отворено прашање каде ќе ја продолжи кариерата.

Како опција секогаш се споменува враќање во Барселона. Изгледа дека Жоан Лапорта толку го турка овој трансфер, што би можел и да го подари трофејот од Примера само за да ги подготви навивачите за доаѓањето на Меси.

Но, нема да му биде лесно. Барселона има ограничени средства за извршување на оваа операција, а некои други клубови немаат. Пред сè Ал Хилал од Саудиска Арабија, кој наводно му подготвил договор на Меси за неверојатни 1,2 милијарди евра за две години.

Дали сме на прагот да ги видиме Меси и Роналдо повторно во иста лига следната сезона, наскоро ќе дознаеме.