Македонија ЃП ги обнови договорите на Мишевски и Алексовски

Екипата на Македонија ЃП почна со обнова на договорите на играчите и потпиша нова соработка со две имиња.

Капитенот Филип Мишевски потпиша нов едногодишен договор со актуелниот Куп-освојувач. Иако како стопер, тој заврши како најдобар стрелец на „лавовите“ во актуелната сезона затоа што беше главен изведувач на пеналите.

Исто така договорот го продолжи и Филип Алексовски. 23-годишното десно крило потекнува од школата на ѓорчепетровци, а стави потпис на нова двегодишна соработка.

Македонија ЃП ја чека настап во Конференциската лига на УЕФА каде ќе биде меѓу неносителите и чека ждрепка која е закажана во јуни.