Физичка пресметка помеѓу двајца мигранти заврши со фатален исход во Куманово

Мигрант бил прободен со остар предмет утрово во Куманово по што кратко потоа починал. Според МВР, се работи за физичка пресметка помеѓу повеќе лица, мигранти, а еден од нив го прободел другиот, по што тој починал. 

„Денеска во 06.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на с.Речица, кумановско, било пронајдено лице мигрант со повреди од остар предмет. Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07.45 часот  починал. Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случај