Пратеничката на СДСМ му го згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент

Пратеничката од политичката партија СДСМ, Снежана Калеска Ванчева на нејзиниот Фејсбук-профил објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но го помеша со Олександар Турчинов и напиша дека тој е привремен претседател на Украина.

Стефанчук коментираше на објавата и посочи дека тој се вика Руслан Стефанчук, како и дека неговата функција е спикер во украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володомир Зеленски.

Драга Снежана, мило ми е што ве запознав, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер во украинскиот парламент. Претседател на Украина е Володомир Зеленски, напиша тој.