Само министертвото за финансии доби зголемување на платите, останатиот дел од администрацијата ке мора да почекаат

Законот беше донесен за сите, но оваа година се усреќија само вработените во Министерството за финансии. Другите во јавниот сектор треба да го почекаат новиот закон за плати или усвојувањето на новата методологија за зголемување на платите. Во Министерството за финансии добија раст на примањата од 30%, согласно Законот за буџет. Просечната нето плата достигна 34.504 денари, најниската 24.180, а највисоката 50.895 денари. Министерот Бесими рече дека од некаде морал да почне, па го одбрал своето министерство.

„Министерството за финансии, за разлика од другите институции, нема свои програми или инвестициски проекти, ниту капитални проекти како што имаат во другите министерства. Ние сме министерство во служба на владата и на сите што го користат буџетот во јавниот сектор. Според праксата на другите земји, ние сме во служба на сите други, а за жал Министерството за финансии во последните 4 години ја напуштиле 170 или 20% од вработените, што е сериозна бројка и мораме да се грижиме за нашите државни службеници“, рече Фатмир Бесими, министер за финансии.

Од разговорите на Социо-економскиот совет велат дека е прифатливо барањето на синдикалците при пресметувањето на растот на платите според новата методологија, како основа да се земе основната просечна бруто плата во државата. Министерот Бесими вели дека со промената на Законот за административни службеници годинава се усогласиле и платите на оние кои имале колективни договори, покрај минималната плата, што значи линеарно зголемување од 2.000 денари. Меѓутоа, по интервенцијата на Уставниот суд со укинување на член во актуелниот Закон, им се зголемија платите на 1.060 вработени за околу 80%, односно за 2.000 денари и тоа не месечно, туку дневно.

„Конкретно, прашањата за кои разговаравме со синдикатите се променети, ги подобривме условите, сега со новото решение на општиот колективен договор штом се потпише, ќе видиме колку брзо ќе можеме да го спроведеме. Нашата цел е тоа, не гледаме начиј со кој треба да се конфронтираме, туку треба да обезбедиме квалитетна администрација, минатата година ја намаливме вработеноста во јавниот и државниот сектор за 2%“, додава Бесими.

Додека властите велат дека има значителен раст на примањата во сите јавни сектори, тренд кој само делумно се следи во приватниот сектор, ако се споредиме со другите земји, ние сме далеку под просекот. Листата објавена денеска од страна на Светската статистика, наведува дека С Македонија е меѓу земјите со негативен раст на платите со -2,8%, што значи дека платите всушност се намалени во споредба со минатата година. Од земјите од регионот, според оваа листа на светската статистика, Србија и Босна и Херцеговина имаат најголем пораст на платите, 15,2%, односно 14,8%.