Попладнево српската полиција го упасила 28 годишниот маж кој околу 14 часот и 10 минути испукал проектил од рачен ракетен фрлач кон напуштена зграда во близина на Железничката станица во Платичево.
Денеска околу 14 часот и 10 минути во полицијата во Рума било пријавено дека непознато лице од рачен ракетен фрлач испукало проектил во напуштен објект во близина на Железничката станица во Платичево.
Според последните информации на српските медиуми, се работи за П.Н. (28) кој набрзо бил уапсен.
Утврдено е дека уапсениот во четвртокот бил пуштен од невропсихијатриската болница.
Во инциденот за среќа нема повредени, но причинета е голема материјална штета. На местото на настанот за неколку минути пристигнале неколку полициски патроли, каде наводно бил испукан проектилот.