Два крузера, Карневал глори и Карневал леџенд се судрија утрово на пристаништето Козумел, Мексико, при што еден патник е повреден.

„Работиме на проценка на штетата, но засега нема потешкотии кои би влијаеле на пловењето на кој било брод“, соопштија од компанијата Карневал круз лајн за Си-ен-ен.

На видеоснимките од судирот, која се споделува на социјалните мрежи, се гледа како е уништен дел од палубата на крузерот Карневал глори.

Компанијата Карневал круз лајн соопшти дека инцидентот се случил кога бродот Карневал глори се приближувал до пристаништето и притоа удрил во Карневал леџенд кој веќе била закотвен.

Компанијата објави дека еден патник се здобил со мала повреда при евакуација на гостите на третата и четвртата палуба.

Се чини дека оваа несреќа нема да влијае на планот за патување.

„Не беше ништо страшно“, изјави за Си-ен-ен Мери Ен Мекинли, патничка на бродот Карневал леџенд.

„Во еден момент, изгледаше како голем бран да го погоди крузерот“, додаде таа.