Пред месец дена беше пред отказ, но сега им донесе финале

Поранешниот легендарен италијански напаѓач, Симоне Инѕаги, мина низ многу различни периоди за време на престојот на клупата на Интер, меѓу кои често имаше такви во кои беше жестоко напаѓан, но сега дојдоа неговите пет минути за уживање, откако „нераѕусите“ се пласираа во финалето од Лигата на шампионите.
Тој пред еден месец беше пред отказ, кога имаше ужасна серија во Серија А, но со овој резултат ги надополни сите пропусти.

„Пред 19 месеци од управата бев замолен да донесам пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите, нешто што на клубот не му успеало уште од 2011. Мислев дека ланската серија во ЛШ беше многу добра, но оваа е неверојатна. Никој не ни даде ништо ‘бесплатно’, игравме со силни противници и заслужено дојдовме до пласман во големото финале. Значи ги зезнав“, со насмевка на лицето објасни Инѕаги.

Интер ги доби двата полуфинални меча со Милан и сега мирно го чека последниот ривал, кој ќе биде познат по вечерашниот реван-дуел помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид, откако првиот меч заврши нерешено (1-1).